|

Мимоза С и Б д.о.о.о.е.л е основана во 1996 година следејќи ги потребите на пазарот и за кратко време стана еден од водечките фирми за набавка на уникатни сувенири, украси, подароци и предмети за домаќинство со добар квалитет и конкурентни цени.
Мимоза С и Б д.о.о.о.е.л во Ноември 2001 година на површина од 4000 м2 оплеменета во вид на парк изгради изложбен простор од 200 м2 и магацински простор од 720 м2 во индустриската зона Север во Струмица.
Мимоза С и Б д.о.о.о.е.л од Јуни 2004 година е генерален застапник за Македонија и Косово на производите од Грчката фирма VICKO S.A и во секој момент располага со над 2.500 илјада артикли од програмата на VICKO S.A. Во склоп на Мимоза С и Б д.о.о.о.е.л постои продавница МИМОЗА и цвеќара МИМОЗА. Цвеќарата МИМОЗА располага со оригинално природно цвеќе,саксиско и режано цвеќе увезено од Холандија. Цвеќарата изработува аражмани, букети, бидермаери и икебани за секакви пригоди. Исто така прима и нарачки преку интернет и врши испорака низ целата република во најкраток можен рок. Продавницата МИМОЗА се наоѓа во центарот на градот со цел производите со кои што располага да бидат подостапни на ценетите потрошувачи. Мимоза С и Б д.о.о.о.е.л брои 12 вработени кои под раководство на менаџерскиот кадар постигаат завидни резултати во своето работење.
 |
 |
Вашата желба а наша сатисфакција е успешно да продолжиме и понатаму. Ние сме овде и чекаме на Вас да дојдете и да не посетете. Мирисот на цвеќето и љубезноста на персоналот е она што Вам ви треба.
Повелете!
|